Top Sport

Јовиќ се враќа во Ајнтрахт, ама на позајмица!

Напаѓачот на мадридски Реал, српскиот интернационалец, Лука Јовиќ наредните 6 месеци ќе ги помине на позајмица во Ајнтрахт од Франкфурт, пишува германски „Билд“.

Реал задутре го очекува меч од полуфиналето на Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, но во тимот нема да го има Јовиќ кој би требало утре да ги договори сите детали околу позајмицата во неговиот поранешен клуб.

Наводно, Реал и Ајнтрахт веќе се договориле, па утре се очекува сето тоа да биде официјализирано.

Се уште не е познато дали се работи само за позајмица или на крајот на сезоната Ајнтрахт ќе има право на откуп на договорот на Србинот кој пред 18 месеци од Франкфурт за 60 милиони евра се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

За потсетување, Јовиќ во бундеслигашот настапуваше две сезони. Во првата постигна 9, а во втората дури 27 гола.

Scroll to Top