Top Sport

Јуки Нагасато ќе стане првата жена која играла во машки тим

 33-годишната Јуки Нагасато, освојувачка на Светското првенство со Јапонија во 2011 година, ќе стане првата жена која заиграла во машки тим, откако направи трансфер од американскиот Чикаго ред старс во Хајабуса илевен како позајмена фудбалерка.

Машкиот тим на Хајабуса игра во регионалната лига, која е неколку лиги зад Џеј-лигата, но Нагасато вели дека ова е остварување на сонот.

„Сакам да им пратам порака на сите девојки кои играат фудбал со машките, дека и за нив има можност да продолжат така. Не знам како ќе играм со машките фудбалери, но подготвена сум за тоа искуство“, вели Нагасато.

Во нејзиниот трансфер помогнал нејзиниот постар брат Генки Нагасато, кој е фудбалер на Хајабуса.

„Повеќе од десет години таа ми велеше дека нејзиниот сон е да игра во машки тим. Како постар брат, сакав да помогнам да го оствари тоа“, вели Генки Нагасато.

Scroll to Top