Top Sport

„Јунајтед беа очајни им го продадовме Фернадеш за 20 милиони евра повеќе“

Најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок беше реализиран на релација Манчестер Јунајтед-Спортинг Лисабон. Бруно Фернандеш за сума од 80 милиони евра од Лисабон се пресели на „Олд Трафорд“.

Фернандеш изминатите сезони се профилираше во одличен стрелец со оглед на тоа на која позиција игра. Како играч од редот за врска тој за Спортинг на 137 натпревари постигнал 63 гола и забележал 52 асистенции.

Квалитетите што ги поседува Фернандеш не се спорни, но Јунајтед платија повеќе од реалната цена.

Потпретседателот на Спротинг Салгадо Зенха тврди дека клубот заработил 20 милиони евра повеќе од планираното од продажбата на Бруно Фернандеш. Јунајтед требале само да го чекаат летниот преоден рок.

„Во текот на преговорите ми стана јасно дека луѓето од Јунајтед мислеа дека ќе попуштиме и дека ќе го продадеме за 50 милиони евра. Не беа во право. Тие беа очајни, на крајот ја платија бараната сума, а ние заработивме 20 милиони евра повеќе отколку што ќе заработевме да го продадеме на лето“, изјавил за „Рекорд“ Зинха.

Scroll to Top