Фудбалерите на Манчестер јунајтед во сабота (18:30) му гостуваат на Арсенал, а менаџерот на тимот Жозе Мурињо неможе да смета на услугите на наколкумина стандардни играчи.
Дербито на „Емирејтс“, поради повреди ќе го пропуштат дефанзивците Фил Џонс и Ерик Баи, односно играчот од средниот ред Маруан Фелаини.
„Не можам да гарантирам дека Матиќ ќе биде подготвен“, рекол Мурињо.
Португалецот на новинарите им изјавил дека Матиќ ќе патува со тимот во Лондон, а непосредно пред почетокот на натпреварот ќе реши дали српскиот репрезентативец ќе игра на во дербито.