Скот Мектоминеј, кој цела кариера ја помина во Манчестер јунајтед, би можел да биде продаден ова лето, но само доколку заинтересираните клубови, од кои фаворити се Њукасл јунајтед платат високи 50 милиони фунти, тврди „Дејли стар“.
26-годишниот Шкотланѓанец, кој неодамна постигна четири гола за Шкотска во два меча, а вчера беше стрелец за Јунајтед против Евертон, не е прв избор на менаџерот Ерик Тен Хаг по пристигнувањето на Касемиро и Кристијан Ериксен.
Мектоминеј произлезе од академијата на Манчестер јунајтед и Тен Хаг по мечот со Евертон го пофали Шкотланѓанецот.
„Голем играч, голем карактер. Среќен сум што имам таков играч во тимот, кој ја дава целата енергија, никогаш не се предава“, изјави Тен Хаг.