Top Sport

Сосиедад се предомислија и ги откажаа тренинзите

Реал Сосиедад се откажа од првичната намера да дозволи нивните фудбалери да се вратат на тренинзи, потврдувајќи дека засега фудбалерите остануваат дома додека трае најсилниот удар на корона вирусот во Шпанија.

Клубот од Сан Себастијан се надеваше дека веќе во вторник ќе може да се вратат на работа со индивидуални тренинзи, но откако нивната најава наиде на остри осуди во Шпанија, клубот се предомисли и во соопштението објави дека во клубот се свесни за „одговорноста“ во тешките времиња.

Првичниот предлог беше фудбалерите да го поминат тестот на КОВИД-19, по што би работеле индивидуално или во мали групи, како што веќе две недели го прават некои бундеслигашки клубови. Сосиедад е меѓу клубовите кои со нетрпение го очекуваат продолжувањето на сезоната бидејќи се блиску до прв пласман во Лигата на шампионите од 2013 година, а ги очекува и финале од Копа дел реј против баскискиот ривал Атлетик Билбао.

„Сакаме да ве потсетиме дека првичната одлука на Реал Сосиедад беше да се даде опција на фудбалерите да продолжат со индивидуалните тренинзи во Зубиета. Немаше планови за групни тренинзи. Свесни сме за одговорноста која ја имаме и затоа правиме нов план за враќање на работа на нашите фудбалери“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top