Манчестер јунајтед во недела ќе прослави еден неверојатен успех – дуелот со Евертон ќе биде 4.000-тиот меч во низа со барем еден фудбалер од нивната фудбалска академија во тимот.
Ова е низа која трае од октомври 1937 година, кога двојката родена во Манчестер, Том Менли и Џеки Волсол играа во 1:0 поразот од Фулам, и традицијата трае повеќе од 80 години. Помеѓу имињата кои ја продолжувале оваа низа се Данкан Едвардс, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Марк Хјуз, како и целата генерација 1992: Гери и Фил Невил, Дејвид Бекам, Ники Бат, Рајан Гигс, Пол Сколс.
Во 2019 година, Јунајтед можат да се пофалат со голем број на фудбалери од својата академија во првиот тим: Пол Погба, Маркус Рашфорд, Скот Мектоминеј, Брендон Вилијамс, Џеси Лингард, Андреас Переира, Тахит Чонг, Ангел Гомеш, Аксел Туанзебе, Мејсон Гринвуд и Тим Фосу-Менсах.
An important part of our identity ?⚪️⚫️
Sunday’s game could mark the 4,000th consecutive match in all competitions, where we have had a homegrown player in the matchday squad.#MUAcademy ? #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 13, 2019
„Тренерите се многу добри и речиси 12 години трошат на развој на еден фудбалер. Во тие 12 години ти ќе станеш фудбалер на Манчестер јунајтед. Но, и да не станеш, има доста други опции – други клубови во Премиер лигата, во Чемпионшип или во странство“, изјави Рашфорд.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој има посебна „наклоност“ кон академијата, вели дека е горд на низата од 82 години.
„Тоа е нешто на што мораме да сме горди и што е дел од нашата ДНК. Овој клуб е изграден на локални момци и на момци од академијата и горди сме на тоа“, вели Солскјер.