Top Sport

Јунајтед „фрлиле око“ на тројца играчи

Во Манчестер Јунајтед забрзано работат на она што ќе се случува во летниот преоден рок. Менацерот Оле Гунар Солскјер знае кои играчи ќе го напуштат клубот и подготвил листа на засилувања.

Според англиските медиуми, Јунајтед ќе се фокусирале на тројца играчи: Калуду Кулибали од Наполи, Тони Крос од Реал Мадрид и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Овие тројца чинат околу 300 милиони евра.

Крос признал дека сакал нов предизвик во кариерата. Реал веројатно нема да го спречат неговиот трансфер доколку Јунајтед платат околу 60 милиони евра. За Германецот се интересираат и во ПСЖ.

Кулибали е еден од најдобрите дефанзивци во Европа,. Наполи во минатото одбиваше богати понуди за него, а се претпоставува дека Кулибали би бил слободен за околу 150 милиони евра.

И на крајот Санчо. Крилниот напаѓач блеска оваа сезона, а потенцијалот го покажа и синоќа, на дебито во англиската репрезентација против Чешка.

Се претпоставува дека неговата цена е 90 милиони евра.

Scroll to Top