Top Sport

Ракитиќ се договорил со Интер, Валверде го кочи трансферот

Иван Ракитиќ, еден од клучните фудбалери на Барселона, се подготвувал да го напушти „Ноу Камп“. Хрватот, од идната сезона ќе има силна конкуренција на својата позиција, откако клубот го договори трансферот на 21-годишниот Френки Де Јонг.

Каталонските медиуми, во своите денешни изданија, пишуваат дека Ракитиќ не само што ќе ја напушти Барселона, туки ќе замине и од Шпанија. Наводно тој веќе ги договорил сите детали со Интер.

Транферот единствено би можел да го спречи тренерот Ернесто Валверде, кој им порачал на клупските челници дека Ракитиќ е важен дел од тимот и дека не смее да биде продаден.

Scroll to Top