Top Sport

Јунајтед го обнови интересот за Дибала

Манчестер Јунајтед покажува интерес за аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала откако Португалецот Кристијано Роналдо побара да го напушти „Олд Трафорд“.

Новиот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг се најде во неволја откако Роналдо побара да го напушти клубот. Роналдо не сака да игра со клубот во Лига Европа, негов приоритет е Лигата на шампионите.

Според англиските медиуми, Јунајтед ги контактирал агентите на Дибала, но интерес за неговите услуги покажале и Арсенал, Тотенхем, Наполи и Интер. Дел од италијанските медиуми го поврзуваат и со Монца.
Дибала играше за Јувентус во последните седум години и на 293 натпревари постигна 115 голови и забележа 45 асистенции. Со Јувентус освои пет титули во италијанскиот шампионат, четири Копа Италија и три италијански Суперкупа.

Тој ја напушта торинската „стара дама“ без обесштетување, што го прави исклучително привлечен на фудбалскиот пазар.

Scroll to Top