Top Sport

ЛШ: Ајакс останаа „совршени“, Џеко „џокер“ за Интер против Шахтјор

Ајакс на Ерик Тен Хаг го продолжи совршениот настап во Лигата на шампионите, постигнувајќи ја петтата победа во петтиот меч на гости кај Бешикташ со 2:1, додека Интер е на добар пат да се приклучи во осминафиналето по 2:0 победата над Шахтјор Доњецк.

Бешикташ поведе во Истанбул со гол од пенал на Рашид Гезал во 22. минута по играње со рака во шестнаесетникот на холандскиот клуб, но во второто полувреме, „копјаниците“ го кренаа нивото на игра и благодарение на двата гола на Себастиен Але стигнаа до пресврт победа од 2:1. Але има неверојатни 9 гола во 5 меча во ЛШ оваа сезона.

Интер, пак, се мачеа долго време со незгодниот украински противник, пред на сцена да стапи Един Џеко со два гола за само шест минути – во 61. и 67. минута, за тимот на Симоне Инзаги да се искачи на првото место во групата Д пред вечерашниот меч помеѓу Шериф и Реал Мадрид.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА Ц

Бешикташ – Ајакс 1:2

Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д

Интер – Шахтјор Доњецк 2:0

Шериф Тираспол – Реал Мадрид 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top