Манчестер јунајтед му порачале на Кристијано Роналдо дека би преферирале да не го тужат за прекршување на условите на неговиот договор, но дека тоа останува опција доколку Португалецот се обиде да се бори против раскинувањето на договорот, јавува „ЕСПН“.
Јунајтед по контроверзното интервју на Роналдо со Пирс Морган во кое го нападна клубот, менаџерот, газдите, но и дел од поранешните и сегашните соиграчи, објавија дека почнале со „потребните чекори“, и се очекува тоа да е раскинуваање на договорот на 37-годишниот ветеран, кому веќе му порачале дека не треба да се враќа на „Олд Трафорд“ по Светското првенство. Клубот сака „брза“ разрешница на случајот, но ја има и опцијата дад го тужи Португалецот.
Клубот верува дека има доволно причини да го раскине договорот без да му исплати пари бидејќи интервјуто претставува прекршуваање на договорот. Клубот има обврска да му даде 14 дена најава на фудбалерот пред да го раскине договорот. Според „ЕСПН“, Јунајтед сака ова да биде завршено пред рестартирањето на сезоната со мечот од Карабао купот против Барнли на 21 декември.