Top Sport

Почетино: Донарума и Верати беа „тероризирани“ пред мечот со Македонија

Поранешниот прв човек на Пари Сен-Жермен и Тотенхем, Маурисио Почетино признава дека би сакал да биде тренер во Италија, но додава дека притисокот кој го врши јавноста на фудбалерите и тренерите во оваа земја е огромен, откако го препознал тоа на случајот со Марко Верати и Џиџио Донарума пред баражот за СП против Македонија, кој Италијанците го загубија со 0:1.

Италија вторпат едноподруго не се пласираше на Светското првенство, откако прво во 2014 година беа елиминирани од Шведска во баражот, а во март оваа година загубија во Палермо од Македонија со голот на Александар Трајковски.

„Ја искусив нивната фрустрација и притисок лично. Пред мечот со Македонија, Марко Верати и Џиџио Донарума беа тероризирани. Беше јасно дека чувствуваат голем притисок пред баражот. Според мене, треба да се сменат сегашните квалификации, односно тие кои во минатото биле шампиони треба да имаат сигурно место. Не го велам ова само бидејќи моите дедовци и баби потекнуваа од Италија. Би сакал да работам во Италија и секогаш ми било цел да се обидам во Серија А. Работев во Шпанија, Франција и Англија и се надевам дека ќе добијам шанса и во Италија“, вели Почетино во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top