Top Sport

Јувентус си купува уште еден Американец

Јувентус се согласиле на трансфер на десниот бек на американскиот клуб ФЦ Далас, Брајан Рејнолдс, и тинејџерот ќе пристигне во Италија и веднаш ќе биде пратен на позајмица во Беневенто до крајот на сезоната бидејќи „бјанконерите“ немаат простор за уште еден фудбалер надвор од ЕУ, јавува „Гол“.

19-годишниот десен бек беше дел од академијата на ФЦ Далас, пред да добие договор на 15 години и имаше 31 настап за првиот тим по дебито во мај 2019. Во Рејнолдс, Јувентус го добиваат само вториот американски играч во историјата, откако Вестон Меккени игра на позајмица во „старата дама“ со договор кој најверојатно ќе биде направен постојан во текот на летото.

Се верува дека Јувентус ќе платат околу 8 милиони евра за трансферот.

Scroll to Top