Манчестер јунајтед се подготвени да го дадат Антони Марсијал во „зделката“ да обезбедат трансфер на ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн ова лето, тврди „ЕСПН“.
Јунајтед се заинтересирани за напаѓач во текот на летото со Кејн како една од главните опции, но Тотенхем го вреднуваат својот 28-годишен напаѓач повеќе од 100 милиони фунти, што е проблем за „ѓаволите“, кој ќе се обидат да го надминат со праќање на Марсијал, кој сега е на позајмица во Севилја, во северен Лондон.
Тотенхем во минатото беа заинтересирани за Марсијал, иако Французинот би сакал трансфер во Шпанија. Марсијал има договор со Јунајтед до 2024 година со опција за уште една година. Тој има еден гол во 8 настапи за Севилја, кои тешко дека ќе се решат на постојан трансфер поради превисоката плата на напаѓачот.
Јунајтед прво се надеваат дека пред крајот на сезоната ќе именуваат нов постојан менаџер, со кого ќе се тргне во „шопинг“ на фудбалери во текот на летото, иако се верува дека главна цел се играчи од средниот ред и напаѓачи.