Top Sport

Осака: Како би сакал Циципас да игра девет сета?

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас предизвика контроверзи на Мастерсот во Мајами оваа недела откако посочи дека тенисерките треба да играат во подобар од пет сета доколку сакаат да бидат еднакво платени со мажите.

„Не сакам да бидам контроверзен, но темата за еднакви плати, кога играат во подобар од три, а ние играме во подобар од пет. Има некои научници кои велат дека жените имаат подобра физичка издржливост од мажите“, изјави Циципас.

Тој сега доби одговор од јапонската тенисерка, Наоми Осака.

„Дали тој сака да игра девет сета? Ако се обиде да ја продолжи мојата игра, јас ќе ја продолжам неговата. Тој човек е навистина смешен. Тоа би било промена на структурата на тенисот и би требало многу време да се интерпретира. Од друга страна, тоа е маж кој зборува за женскиот спорт, така што не верувам дека е реална идеја. Не сакам да бидам непристојна, но мислам дека сме стигнале до овој момент со децении напорна работа. Никој не ни подари исти пари како на мажите. Историјата на ВТА турнејата е токму тоа, од Били Џин Кинг, Венус и Серена Вилијамс“, вели Осака.

Scroll to Top