Top Sport

Брестовац ги одбра 18-те ракометари за Евро 2020

Селекторот Данило Брестовац и официјално го соопшти списокот на 18 ракометари со кои Македонија ќе се бори за добар пласман на Европското првенство во ракомет во Австрија, Шведска и Норвешка, кое стартува утре.

На списокот нема големи изненадувања, откако беше потврдено дека Велко Маркоски нема да настапи поради повредата на окото, а од списокот отсуствува и Никола Костески, на чие место е Мартин Поповски.

Македонија првиот меч на Евро 2020 го игра в петок против Украина (20.30), а во нашата група се уште и Австрија и Чешка.

Фото: РФМ

Scroll to Top