Top Sport

Јунајтед и Барса може да се договорат за Умтити

Манчестер јунајтед се подготвени да им разрешат една дилема на првите луѓе на Барселона и да го купат бекот на Барселона, Самуел Умтити, тврди каталонскиот „Спорт“.

26-годишниот Французин ја игра својата четврата сезона на „Ноу Камп“, но не успеа да се наметне како прв избор, а Јунајтед подолго време се заинтересирани за него, слично како ривалите од Премиер лигата, Арсенал.

На Оле Гунар Солскјер му е потребен централен дефанзивец кој би играл од левата страна, а иако се заинтересирани за Калиду Кулибали од Наполи, неговата висока цена значи дека Умтити е поисплатлива опција. Кик Сетиен наводно го почитува Умтити, но би се разделил со него за вистинска цена.

Умтити има само 9 старта во Ла лига оваа сезона и обично е замена за Клемен Ленгле по доаѓањето на сонародникот во 2018 година.

Scroll to Top