Top Sport

Валенсија: 35 отсто од персоналот има коронавирус

Фудбалскиот клуб Валенсија потврди дека околу 35 отсто од персоналот, меѓу кои има и фудбалери, биле позитивни на коронавирусот.

Според шпанските медиуми од фудбалерите се заразени Езекиел Гарај, Хосе Гаја и Елаким Мангала.

Сите позитивни престојувале во Милано кога Валенсија го одигра првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите против Аталанта.

Клубот информира дека сите заразени се во самоизолација. Меѓу заразените се и клупските доктори Хуан Алиага и Пако Камараса.

Scroll to Top