Top Sport

Варан побарал трансфер

Францускиот стопер Рафаел Варан наводно побарал трансфер, во случај клубот да добие адекватна понуда за него. Манчестер јунајтед минатото лето го ангажираше Варан, за сума од 40.000.000 евра.

Варан не стартуваше против Брајтон во неделата, исто како и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, а Јунајтед загуби неочекувано со 2-1 пред своите гледачи.
Французинот бил разочаран од одлуката на новиот тренер Ерик тен Хаг да го остави на клупата и сега повеќе би сакал да го смени клубот.

29-годишниот фудбалер не ги исполни очекувањата минатата сезона, имаше проблем и со повредите поради што одигра само 28 натпревари.

Варан има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2025 година.

Scroll to Top