Андреа Белоти најверојатно ќе замине од Торино на крајот на сезоната, а за него во битка се Манчестер јунајтед и Ливерпул, два клуба на кои им треба засилување во нападот.
27-годишниот Белоти има уште една година од договорот со „биковите“, кои имаат катастрофална сезона во која се борат за опстанок во Серија А, и според „Тутоспорт“, Торино би прифатил понуда на крајот на сезоната.
Торино, во исто време, гледаат замена во него во напаѓачот на Каљари, Жоао Педро.