Top Sport

Јунајтед играат цврсто – се закануваат за откажување на договорот за Санчо

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд се заканил на Борусија Дортмунд дека ќе се повлечат од обидот да го купат Џејдон Санчо доколу бундеслигашот продолжи да ги бара нереалните 120 милиони евра во ера на криза поради корона вирусот.

Иако се веруваше дека „ѓаволите“ се блиску до реализирање на одамна најавениот трансфер за 20-годишното крило и дека ги договориле личните услови со Англичанецот, од „Олд Трафорд“ сега доаѓаат песимистички изјави откако „милионерите“ не попуштаат со цената.

Од Јунајтед тврдат дека постојат и други опции за засилување на тимот доколку не се договорат со Борусија, како Кингсли Коман од Баерн Минхен и Федерико Киеза од Фиорентина, кои би ги чинеле „ѓаволите“ многу помалку пари.

Останува да се види дали ќе има договор до „наводниот“ краен рок од 10 август и дали ова е само тактика за преговарање со пуштање на информации за јавноста.

Scroll to Top