Top Sport

Дончиќ не престанува со поставувањето рекорди во НБА

Нова партија, нов рекорд. Лука Дончиќ повторно постави рекорд на НБА лигата при победата на Далас маверикс над Сакраменто кингс во Орландо (114:110), откако првпат во кариерата имаше 20 скокови, а додаде и 34 поени и 12 асистенции.

Со ова, тој стана најмладиот НБА кошаркар во историјата (21 година и 158 дена) кој постигнал 30 поени, 20 скока и 10 асистенции во еден меч по Оскар Робертсон во 1961 година (23 годни и 12 дена).

Покрај тоа, словенечкото „чудо“ е само четврт НБА играч во историјата кој имал 34 поени, 20 скока и 12 асистенции во еден натпревар по Карим Абдул-Џабар во 1976 година. Претходно тоа им успеа само на Елгин Бејлор (четири пати) и на легендарнио Вилт Чембрлен (11 пати). Дончиќ не беше задоволен.

„Ова беше еден од нашите најлоши натпревари, но сепак победивме“, изјави тој по мечот.

Scroll to Top