Фановите на Манчестер јунајтед повторно веруваат дека имаат „бисер“ од сопствената школа – 19-годишниот Тахит Чонг.
Младиот Холанѓанец, кој е роден на Курасао на Карибите, а настапува за холандската младинска репрезентација, неодамна дебитираше во првиот тим на Јунајтед, откако Оле Гунар Солксјер му даде шанса да влезе во игра во мечот од ФА купот против Рединг.
Денеска, пак, во настап за У-23 тимот на Јунајтед, тој постигна фантастичен гол од слободен удар во мечот со Фулам, иако на крајот Јунајтед загубија со 1:2.
Outstanding free kick from Tahith Chong ?
pic.twitter.com/nG19wmy241— DILLINGER ? (@DillanMUFC) January 11, 2019