Top Sport

Шпанците како на тренинг против Бахреин

Шпанија стигна до лесна 33:23 победа над Бахреин во последниот меч од нашата група Б на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска, најавувајќи борба за првото место и висок пласман.

Феран Соле ја предводеше „фуријата“ со седум гола (од кои дури четири во првите 10 минути игра), Алекс Душебаев додаде шест гола во меч во кој Шпанците ја имаа контролата на мечот од почетокот до крајот. За Бахреин, нашиот следен противник (во недела), Ал-Сајад и Хабиб имаа по седум гола.

И другите фаворити беа сигурни. Франција, потешко од очекувањата, со 24:22 го совлада Бразил во групата А,  Швеѓаните исто така имаа мака со Египќаните пред да стигнат до 27:24 победа, додека Норвешка со 34:24 го декласираше Тунис.

Фото: ЕПА

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДАНСКА/ГЕРМАНИЈА, 1.КОЛО

ГРУПА Б

Јапонија – Македонија 29:38 (13:18)

Исланд – Хрватска 27:31 (14:16)

Бахреин – Шпанија 23:33 (11:16)

ГРУПА А

Србија – Русија 30:30 (16:16)

Бразил – Франција 22:24 (13:16)

ГРУПА Ц

Саудиска Арабија – Австрија 22:29 (9:15)

Тунис – Норвешка 24:34 (13:18)

ГРУПА Д

Ангола – Катар 24:23 (12:8)

Аргентина – Унгарија 25:25 (10:13)

Египет – Шведска 24:27 (11:13)

Scroll to Top