Top Sport

Меси зараборува четири пати повеќе од Левандовски

Роберт Левандовски е еден од клучните играчи на Баерн Минхен. Зад себе има брилијантна сезона, со Баерн ја освои триплета, со што според многумина ја заслужи „Златната топка“, која годинава нема да се додели поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот.

Неколку сезони Левандовски е меѓу најдобрите во светот, на теренот го покажува тоа, меѓутоа според заработувачката тој не е ниту блиску до најплатените.

Полјакот од платата и спонзорските договори, годишно заработува реиси 100 милиони евра помалку од Лионел Меси.

На листата на „Форбс“, играчот на годината во Германија се наоѓа на деветтото место, годишно заработува 28 милиони долари (23,5 милиони евра). Левандовски од платата заработил 20,2 милиони евра, а од спонзорите уште 3,3 милиони евра.

Оваа сума е далеку помала од она што го заработуваат најплатените тројца во светот: Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар.

Во продолжение е листата на најплатените десет фудбалери во светот (платата + спонзорски договори. Заработувачката е во милиони евра).

1. Лионел Меси (Барселона) 77,5 + 28,7 = 106,2
2. Кристијано Роналдо (Јувентус) 58,9 + 47 = 98,5
3. Нејмар (ПСЖ) 65,7 + 15,1 = 80,8
4. Килијан Мбапе (ПСЖ) 23,6 + 11,8 = 35,4
5. Мохамед Салах (Ливерпул) 20,2 + 10,9 = 31,1
6. Пол Погба (Манчестер Јунајтед) 23,6 + 5 = 28,6
7. Антоан Гризман (Барселона) 23,6 + 4,2 = 27,8
8. Герет Бејл (Реал Мадрид) 19,4 + 5 = 24,4
9. Роберт Левандовски (Баерн Минхен) 20,2 + 3,3 = 23,5
10. Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед) 20,2 + 2,5 = 22,7

Scroll to Top