Top Sport

Јунајтед ја активираа клаузулата, Погба останува барем до 2022

Манчестер јунајтед ја активираа клаузулата во договорот на Пол Погба, за да го продолжат неговиот договор на една сезона, само една недела откако тој изјави дека „сонува“ за трансфер во Реал Мадрид.

Договорот на францускиот репрезентативец завршуваше во јуни 2021 и според британските медиуми, клубот веќе ја искористил опцијата за продолжување на уште една сезона уште пред неколку недели.

Во петокот, менаџерот Оле Гунар Солскјер на прес-конференција најави дека нема заминување на Французинот.

„Пол е наш фудбалер и ќе биде тука барем уште две сезони. Сигурен сум дека е фокусиран на давање на максимумот и сакаме да го видиме најдоброто од него на ‘Олд Трафорд’“, изјави Солскјер.

Погба беше фудбалер на академијата на Јунајтед, но замина беслатно во Јувентус, пред во 2016 година да се врати за тогашен рекорд од 100 милиони евра. Оттогаш тој не успеа да го покаже најдоброто, а поголемиот дел од минатата сезона го помина во аут со повреда.

Scroll to Top