Манчестер Јунајтед ја одбиле понудата на Интер за услугите на Ромелу Лукаку, објавија попладнево англиските медиуми.
Белгиецот е прв на спискот на засилувања што го составил новиот тренер Антонио Конте, но Интер нема пари да го купат Лукаку. Интер планирале да го донесат Лукаку на две годишна позајмица за која би платиле 10 милиони евра, а потоа да го откупат неговиот договор за 60 милиони евра.
Јунајтед немаат намера да го пуштат на позајмица својот напаѓач, туку сакаат веднаш да го продадат и тоа за сума од 80 милиони евра.