Шефовите на Манчестер јунајтед се подготвени да го направат Пол Погба капитен на „ѓаволите“ за да го убедат Французинот колку го ценат и да го обврзат со нов договор со клубот, тврди британскиот весник „Дејли мирор“.
26-годишниот Погба веќе добил порака дека нема да биде продаден ова лето и покрај обидите на Реал Мадрид да го донесат, и сметаат дека со Оле Гунард Солксјер ќе започне нова ера на клубот. Сегашниот капитен Антонио Валенсија заминува на крајот на својот договор, додека 33-годишниот Ешли Јанг нема да добие шанса да биде главен човек.
Погба, Давид де Хеа и Крис Смолинг ја носеа капитенската лента оваа сезона, но претходниот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо му ја одзеде вице-капитенската позиција на Погба по конфликтот кој го имаа двајцата. Погба, кој постигна два гола од пенал вчера за 2:1 победа над Вест хем, ја има целосната доверба на Солксјер, кој сега да го промовира Французинот во улога која претходно ја имаа легендите на клубот како Брајан Робсон и Рој Кин.