Top Sport

Бивол со нова доминантна победа

Рускиот боксер, Дмитриј Бивол продолжува со својот зачудувачки прогрес, со нова импресивна победа, овојпат на поени против Гилберто Рамирез. Ова беше прв меч за Бивол по победата над мексиканската суперѕвезда Саул Канело Алварез, кога ја освои ВБА титулата во средно-тешка категорија.

Бивол беше доминантен и стигна до 118:110, 117:111, 117:111 победа, доминирајќи од почетокот до крајот на мечот, иако не успеа да оствари нокаут.

„Целта е да се стане апсолутен шампион, но тоа не зависи само од мене. Да беше така, ќе ги имав четирите појаси. Имам сон и ќе го остварам“, вели Бивол.

Scroll to Top