Top Sport

Јунајтед ќе го пречека Ливерпул во четвртото коло на ФА купот

Вечните ривали Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе се „судрат“ на „Олд Трафорд“ во четвртото коло од ФА купот, откако ждрепката не ги посака великаните.

Чорли, тим кој се надвор од четирите англиски лиги ќе ги пречекаат Вулверхемптон откако го совладаа Дерби во третото коло, додека третолигашот Челтенхем ќе го пречека Манчестер сити на својот „Ведон роуд“ стадион.

Краули таун, кои со 3:0 ги „уништија“ Лидс во неделата, ќе гостуваат кај второлигашот Бурнемаут, додека Тотенхем, по победата над осмолигашот Марин, ќе гостува кај Вајкомб. Во премиерлигашки дуел, Фулам игра со Барнли.

Во петтото коло, пак, Чорли можат да налетаат на Арсенал, ако „топчиите“ ги совладаат Саутемптон или Шрузбери, додека Вест хем ќе налета на подобриот од дуелот Ливерпул-Јунајтед ако ги совладаат Стокпорт во понеделник.

Scroll to Top