Top Sport

Огномет за повреденото момче го прекина мечот Стокпорт-Вест хем

Мечот од ФА купот меѓу Стокпорт каунти и Вест хем беше привремено прекинат поради фантастичен огномет кој го приреди еден навивач на Стокпорт, иако не се работи за желба за попречување на фудбалот, туку за порака за оздравување на едно 15-годишно момче кое било удрено од автомобил во текот на празниците.

Во 15. минута, откако почна гласниот огномет пред стадионот, судијата Мајк Дин го прекина мечот, и уживаше во глетката со капитенот Марк Нобл, разменувајќи неколку зборови.

Scroll to Top