Top Sport

Јунајтед ќе игра против тим од родниот град на Солскјер

Манчестер Јунајтед во рамките на својата летна турнеја ќе одиграат натпревар со екипа од родниот град на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Натпреварот, во Осло, помеѓу Кристијансунд и Манчестер Јунајтед е закажан за 30.јули. Солскјер е роден во Кристијансунд, но кариерата ја започнал во вториот клуб од овој град, Клаусененген.

Натпреварот ќе се одигра на Улевал стадионот во норвешката престолнина, а во Осло заедно со машкиот ќе пристигне и новоформираниот женски тим на Јунајтед. Женската секција на Манчестер Јунајтед ќе игра против Валеренга.

Турнејата на Манчестер Јунајтед ќе започне на 13.јули во Австралија со пријателскиот натпревар со екипата на Перт Глори.

Scroll to Top