Top Sport

Ленард блескаше, Торонто победија во Милвоки (Видео)

Кошаркарите на Торонто Репторс се на чекор до пласман во големото финале во НБА лигата, откако во финалната серија на Истоткот, против Милвоки Бакс поведоа со 3-2. Изминатата ноќ, Репторс славеа во Висконсин со 105:99 и целосно ја свртеа серијата бидејќи предност од 2-0 имаа играчите на Милвоки.

Во триумфот на Репторс повторно најдобар беше Каваи Ленард со 35 поени (тројки 5/8), 9 скока и 7 асистенции. Неочекувано за Милвоки, најголемата помош Ленард ја доби од резервниот плејмејкер Фред Ванвилт кој постигта 21 поени (тројки 7/9).

Уште Кајл Лаури забележа 17 поени, 7 скока и 6 асистенции, а Паскал Сијакам имаше двоен ефект од 14 поени и 13 скока.

Во редовите на Милвоки се истакна Јанис Адетокумбо со 24 поени и по 6 скока и асистенции, Ерик Бледсо постигна 20, а Малком Брогдом забележа 18 поени, 11 скока и 6 асистенции.

Првата меч топка Репторс ќе ја имаат в недела на домашен терен.

Scroll to Top