Top Sport

Јунајтед ќе остане без Гомес?

Манчестер јунајтед уште не можат да договорат нов договор со 19-годишниот талент Енџел Гомес, кој ќе може да замине бесплатно од „Олд Трафорд“ за неколку недели.

Јунајтед се надеваат дека Гомес, кој беше дел од академијата на клубот, ќе биде убеден да остане во клубот, откако првично му бил понуден договор на почетокот на сезоната, со неделна плата од 25.000 фунти.

Тој не е загрижен за финансиските услови, туку за недостатокот на шанси да влезе во првиот тим, за разлика од неговите врсници и колеги од академијата, Мејсон Гринвуд и Брендон Вилијамс. Слични шпекулации за заминување имаше и за Тахит Чонг, но тој потпиша договор во март.

„Го гледав тоа со години, како од академијата се влегува во првиот клуб и тоа е мојата главна цел. Сакам да освојувам трофеи со овој клуб“, изјави неодамна Гомес.

Тој беше капитен на англиската У-19 репрезентација која во 2018 година го освои светското првенство.

Scroll to Top