Top Sport

Пред 19 години, Милан го „торпедираше“ Интер (видео)

На денешен ден пред 19 години, на 11 мај 2001 година беше забележана најголемата победа во историјата на „Дерби дела Мадонина“, откако Милан го декласираше Интер со 6:0.

„Росонерите“ се мачеа во Серија А во тој период, а нивниот претседател Силвио Берлускони беше повеќе заинтересиран да стане италијански премиер, по што Чезаре Малдини ја презде клупата од Алберто Ѕакерони, но не успеа да ги крене над шестото место во Серија А, со четири поени зад петопласираниот Интер.

Џани Командини им донесе водство на Милан по само три минути, а 15 минути подоцна зголеми на 2:0, двапати на асистенција на Сержињо, човекот кој имаше три асистенции и еден гол таа вечер.

По осум минути во второто полувреме, Федерико Џунти од слободен удар зголеми на 3:0, пред Андриј Шевченко да постигне два гола за 11 минути. Сержињо во 81. минута постигна уште еден гол за меч кој навивачите на двата клуба нема да го заборават.

Scroll to Top