Реал Мадрид имаат „пред-договор“ со Дони ван де Бек неколку месеци, но Манчестер јунајтед се обидуваат да го „расипат“ ова со подобра понуда, тврди шпанска „Марка“.
Се очекуваше младиот Холанѓанец да направи трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ минатото лето, но откако „кралевите“ не успеаја да ги продадат Хамес Родригез и Герет Бејл, за овој трансфер едноставно немаше средства, а на Ван де Бек му било порачано да чека уште една сезона во Амстердам, тврдат холандските извори.
Според „Марка“, Јунајтед може да го „расипе“ трансферот само доколку Реал Мадрид решат да не го остварат трансферот на 22-годишниот Ван де Бек, кој оваа сезона има 10 гола и 11 асистенции во една помалку разочарувачка сезона за Ајакс.