Top Sport

Јунајтед контактирале со Инзаги, тој веќе учи англиски?

Манчестер јунајтед веќе контактирале со тренерот на Интер, Симоне Инзаги како кандидат за местото постојан менаџер, но имаат конкуреција во Атлетико Мадрид, тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Актуелните шампиони во Италија, Интер имаат импресивна половина сезона под новиот тренер Инзаги, кој дојде од Лацио и ги предводеше до нокаут фазата во Лигата на шампионите првпат од 2012 година. 45-годишниот Инзаги веќе почнал со „интензивен англиски курс“ бидејќи има планови да биде тренер надвор од Италија, тврди „Кориере“.

Според извештајот на весникот, преодниот менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник, кој ќе биде заддржан како консултант во тимот по крајот на сезоната, го идентификувал Инзаги како еден од главните кандидати за постојаното место, покрај старата желба за Маурисио Почетино.

Инзаги го освои првиот трофеј со Интер оваа недела, кога тие во драматична завршница со 2:1 го победија Јувентус за Суперкупот на Италија. Тој има договор со „нераѕурите“ до 2023 година и газдата Стивен Жанг сака да го обврзе на повеќегодишен договор.

Инзаги го презеде Лацио, клубот каде што помина повеќе од една деценија како фудбалер во 2016 година, предводејќи ги до трофејот од Копа Италија во 2019 година.

Scroll to Top