Top Sport

Јунајтед лесно се справија со Фулам (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја продолжија успешната серија под водство на Оле Гунар Солскјер. „Црвените ѓаволи“, во 26 коло, во Лондон ги совладаа фудбалерите на Фулам со 3:0. Солскјер на кормилото на Јунајтед има десет победи и едно реми.

Манчестер Јунајтед, прв пат од почетокот на сезоната се наоѓа меѓу најдобрите четири екипи на табелата во Премиер лигата. На „Крејвен Котиџ“, играчите на Солскјер, рутински славеа над Фулам.

Вранцуската врска Пол Погба-Ентони Марсијал ги однесе „црвените ѓаволи“ до 15 победа во сезоната.

Марсијал во 15 минута му асистираше на Погба за 0:1, потоа крилниот напаѓач по брилијантната соло акција зголеми на 0:2, а точка на мечот стави Погба со својот втор гол.

Погба својот 11 гол во сезоната го постигна од пенал, на кој му претходеше прекршокот врз Хуан Мата.

Scroll to Top