Top Sport

Јунајтед не го дава Мегваер на Вест хем, Тен Хаг уште смета на него

Манчестер јунајтед ја отфрлиле можноста капитенот Хери Мегваер да замине на позајмица во Вест хем, праќајќи порака дека капитенот на тимот не си заминува од „Олд Трафорд“ и покрај минималната минутажа која ја има под новиот менаџер Ерик Тен Хаг, кој уште смета дека Англичанецот може да придонесе на тимот.

Тен Хаг првично се реши да ги постави Рафаел Варан и Лисандро Мартинез на позицијата на централен бек, а неодамна дури и левиот бек Лук Шо беше поставуван на оваа позиција оставајќи го повторно Мегваер на клупата. Вест хем, кои се на 18. место во Премиерлигата, во обид да ја засилат својата лоша одбрана го побарале Мегваер на позајмица, слично како што Џеси Лингард замина пред две години, но добиле порака дека тој не е достапен.

Мегваер има 15 настапи за Јунајтед оваа сезона, но само седум од нив како стартер.

Scroll to Top