Манчестер јунајтед се помирија со тоа да го загубат Касемиро во следните четири меча по црвениот картон против Саутемптон и покрај тоа што менаџерот Ерик Тен Хаг беснееше по мечот по одлуката на судијата Ентони Тејлор.
Бразилецот го доби својот втор црвен картон на мечот по стартот над Алкараз – прво му беше покажан жолт картон, па по ВАР-интервенцијата беше пратен на клупата. Доколку Јунајтед се решија да се жалат, а го загубеа случајот, можеше да се случи тој да добие и подолга суспензија.
Касемиро ќе го пропушти мечот од ФА купот против Фулам, како и мечевите од Премиерлигата против Њукасл, Брентфорд и Евертон, но ќе биде достапен во четврток за реваншот од осминафиналето на Лига Европа на гости кај Реал Бетис.