Top Sport

Мијовиќ повеќе не е тренер на КК Будуќност

Петар Мијовиќ повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица. Младиот стратег поднесе оставка, по поразот од Виртус во Болоња, во рамките на Европкупот. Поразот од Виртус беше трет во низа за Будуќност, по двата порази од Цедевита Олимпија во АБА лигата и Европкупот.

Мијовиќ сметал дека неговата оставка е најдобро решение за клубот да се врати на победничкиот колосек.

Будуќност, во АБА лигата има скор од 11 победи и три порази, додека во Топ 8 фазата во Еврокупот има победа и два порази.

Оставката на тренерот ја потврди и клубот на официјалната страница.

Мијовиќ во Будуќност беше тренер од 2017 година, најпрвин како предводник на младинскиот тим, а потоа и како тренер на првата екипа. Евролигата го прогласи за еден од десетте најдобри млади тренери во Европа.

Scroll to Top