Top Sport

Јунајтед пак „без заби“, Баерн со минимална победа (видео)

Хави Мартинез го постигна единствениот гол, за Баерн Минхен со 1:0 да го совлада Манчестер јунајтед во пријателскиот меч на двата европски гиганти на „Алијанц арената“, и така да го комплетира лошото лето за тимот на Жозе Мурињо.

Пријателскиот меч пред стартот на сезоната од Премиер лигата следниот викенд воопшто не донесе убава игра, а Јунајтед можат да се „пофалат“ со тоа што воопшто немаа удар кон голот на Мануел Нојер.

Исто така изненадуваше одлуката на Мурињо капитенската лента да му ја даде на Алексис Санчез, кој иако е одличен фудбалер, на „Олд Трафорд“ е само осум месеци.

Мартинез беше највисок во скокот во 59. минута по убав корнер за да го совлада Давид де Хеа и да ја донесе победата на Баварците. Тимот на Роберт Ковач имаше шанса да зголеми на 2:0 преку дебитантот на Баерн, Леон Горецка, а подоцна Арјен Робен постигна одличен гол со лева нога, меѓутоа тој не беше признат поради очигледна офсајд позиција.

Scroll to Top