Top Sport

Србите повторно европски шампиони до 18 години

Србија ја одбрани титулата на Европското првенство заз кошаркари до 18 години, предводена од Марко Пецарски и Филип Петрушев, по 99:90 победата над домаќините Летонија.

Тимот на селекторот Александар Буќан почна силно, и во првото полувреме направи предност од 17 поени, за на полувреме да оди со +13.

Второто полувреме, Србите го одиграа послабо, но имаа доволно сили за да останат на врвот, покажувајќи дека имаат уште една талентирана генерација. Пецарски на крајот имаше 34 поени, а Петрушев 29, додека кај Летонците најдобар беше Артурс Загарс со 26 поени.

Бронзениот медал во Летонија го освои репрезентацијата на Франција, откако со 79:70 ја победи Русија.

Scroll to Top