Според британските медиуми, Манчестер јунајтед се подготвени да понудат фантастични 100 милиони евра за да го привлечат Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.
Србинот е играч на „бјанкочелестите“ од 2015 година, но оваа сезона е посебно импресивен, по што се јави интересот на големите европски клубови. Мурињо бил подготвен да даде голема сума за 22-годишниот Србин за да може да го засили средниот ред на тимот.
Во саботата, агентот на Милинковиќ-Савиќ инсистираше дека неговиот клиент „не е на продажба по никоја цена“, но познато е дека во фудбалот секогаш постои цена со која може да се постигнат целите. Тешко е да се верува дека Лацио би одбиле понуда од 100 милиони евра.