Манчестер јунајтед подготвува реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Се шпекулира дека скапо платениот Антони ќе биде испратен на позајмица, а клубот ќе го напуштат поранешните играчи на Реал, Касемиро и Рафаел Варан. Двајцата добиле понуди од Саудиска Арабија.
Касемиро одлично ја започна својата кариера на „Олд Трафорд“, откако минатото лето пристигна од Реал Мадрид. Но оваа сезона е еден од најлошите фудбалери на „црвените ѓаволи“.
Се поизвесно е дека искусниот 31. годишен играч за врска од јануари повеќе нема да го носи дресот на „црвените ѓаволи“. Доби понуда од Саудиска Арабија, Јунајтед е подготвен да го пушти и се очекува негово заминување.
Исто така, на Арапскиот Полуостров ќе отпатува и една година помладиот Рафаел Варан. Французинот низ целиот мандат во Јунајтед има проблеми со повредите.
Затоа и тој е на трансфер листата. Раководството на клубот нема да прави никакви проблеми околу неговото заминување од клубот во кој одигра 73 натпревари за речиси две и пол години.