Top Sport

Јунајтед понудиле повеќе пари, Бензема сепак го одбрал Реал

Карим Бензема пред една деценија стана играч на Реал Мадрид. Во едно интервју првиот човек на Лион, Жан-Мишел Ола открил дека Бензема го одбрал Реал иако од Манчестер Јунајтед понудиле повеќе пари.

Трансферот на Бензема се случи летото во 2009 година. За Лион тој има одиграно 148 натпревари и постигнато 66 голови.

„Кога со Карим разговаравме за неговото заминување од Лион, јас имав добиено две понуди. Една од Јунајтед и една од Реал Мадрид“, рекол Ола и продолжил.

„Карим, исто како и Фекир дојде кај мене што само покажува дека имаме доверлив однос. Тој рече дека неговиот сон бил да игра за Реал Мадрид“.

„Го продадовме во Реал иако понудата од Јунајтед беше подбра“, завршил првиот човек на Лион.

Реал во 2009 година за Бензема платиле 35 милиони евра. Поранешниот француски репрезентативец досега има одиграно 438 натпревари на кои постигнал 236 гола.

Scroll to Top