Top Sport

Матијас Мајер се „искрши“ на тренингот (Видео)

Двојниот олимписки победник во алпско скијање Австриецот Матијас Мајер се „искрши“ на првиот тренинг во Бивер Крик, САД.

„Чувствувам болка. Кога паднав болката беше толкава што не можев да ги кренам нозете“, рекол Мајер.

Според првите прогнози Мајер нема да настапи на трките во Светскиот куп што ќе се одржат во Бивер Крик од петок до недела.

Матијас Мајер победи на првата трка во супер-велеслалом во новата сезона. Инаку тој во кариерата освоил златен медал во спуст на Олимписките игри во Сочи и в супер-велеслалом на Олимписките игри во Пјонгчанг.

Scroll to Top