Top Sport

Зидан инсиситрал да му го донесат Погба

Тренерот на Реал Зинедин Зидан не се откажал од трансферот на Пол Погба. Тој уште повеќе од претходно инсистирал да му го донесат францускиот репрезентативец пишува „Марка“.

Летото се шпекулираше дека Погба ќе пристигне во Реал, меѓутоа од повеќе причини тогаш трансферот не е реализиран.

Манчестер Јунајтед за Погба бараа само пари (помеѓу 140 и 160 милиони евра), додека Реал се обидуваат да издејствуваат размена, пари и еден или двајца фудбалери.

Трансферот не е реализиран и поради тоа што претседателот на Реал Флорентино Перез сметал дека Погба не му е потребен. Перез сакал на таа позиција да играат млади играчи.

Меѓутоа Зидан бил решен да ја спроведе својата замисла, а во целата приказна би требало да се вклучи и менаџерот на Погба, контроверзниот Мино Рајола. Неговата задача била да ги „омекне“ челниците на Јунајтед и да издејствува намалување на цената и во исто време да ги убеди луѓето од Реал дека токму играч како Погба им е потребен во тимот.

Пол Погба сезонава има одиграно само шест натпревари за Манчестер Јунајтед. Повреден е речиси два месеци, а медиумите тврдат не играл бидејќи се обидувал да изнуди трансфер во јануари.

Scroll to Top