Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед со гордост објави дека потпиша нов историски договор со својот спонзор Адидас.
Англиските медиуми објавија дека договорот е потпишан на 10 години и вреден вкупно 900 милиони евра, додека од клубот не сакаа конкретно да го откријат финансискиот дел од договорот.
„Адидас и Манчестер јунајтед со задоволство го објавуваат продолжувањето на едно од највозбудливите и најзначајните партнерства во светот на спортот.
По 23 години пауза, Манчестер Јунајтед ја обнови соработката со Адидас во сезоната 2015/16.
Во сезоните што следеа, заедно ги возбудувавме обожавателите ширум светот со напредни иницијативи, иконски дизајни на теренот и омилена култна облека.
Новиот договор го зголемува фокусот на женската екипа на Манчестер јунајтед“, се вели во соопштението на клупската веб-страницата.